МојГлас

претставува интерактивна платформа, во форма на веб-страница и мобилна апликација која има за цел да ја зголеми комуникацијата помеѓу учениците и училишните служби, да придонесе кон пефикасно и поефективно носење на одлуки во рамки на училиштата и најважно од сѐ, да го зголеми учеството на средношколците во процесите на носење одлуки во нивните училишта, за прашања кои се од нивен интерес.

Консултирај ги учениците - Училишните служби, преку платформата ги консултираат учениците, пред да донесат одлука за одредено прашање

Информирај ги учениците - Училишните служби, а и учениците меѓусебно, си проследуваат информации кои се релевантни за ни, а се поврзани со училиштето

Започни петиција - Учениците ќе добијат можност да започнат петиција за промена на нешто што не им се допаѓа во училиштето и да бараат поддршка од своите соученици

Достави предлог и пријави проблем - ќе им се овозможи на учениците да ги пријавуваат проблемите кои ги забележуваат, до службите, но и да даваат предлози за подобрување на училиштето